Загадувањето во Скопје одамна го достигна црвениот аларм, а тоа уште го покажува и што е најзагадениот град во светот.
Не е лесно да се живее и функционира во место каде сме свесни дека полека го губиме здравјето, а особено уште потешко е родител да замисли што дише неговото малечко дете.
Пејачката Тамара Тодевска уште на почетокот од зимата и зголеменото загадување, поради таа причина замина за Гевгелија, родниот град на нејзиниот сопруг, за да не бидат директно изложени на загадувањето.
Но по некое време, му се вратија на Скопје, а имаа што да зачекаат.
Загрижена за здравјето на семејствто, пред се на малата Хана, мама Тамара ја однесе на Водно, од каде ја покажа страшната глетка.
Непробојниот отровен облак тотално го проголта Скопје. Фоографија на врвот, која за жал го покажува врвот на штетата која ја доживуваме.