Неодамна познатата брачна двојка Сања Николиќ и Марко Маринковиќ –Слаткар беа гости во емисијата „Еден на еден“ на Жарко Димитриоски.
Оние кои имаа можност да ги погледат, веројатно знаат дека Слаткар и Сања направија одлична емисија во која открија детали од приватноста и брачниот живот.
Особено интересно беше кога проговорија за гостите и подароците кога ги добија на свадбата, но исто така и за тоа како и каде се запознале, и кој на кого прв почнал да се додворува.
По емитувањето на „Еден на еден“, Слаткар реши својот профил на Инстаграм да го потполни со една специјална фотографија од емисијата, која во описот ја карактеризираше како таква на која се гледа нивната љубов. Таа со дланката го гали неговото лице, а тој ја бакнува.
-Ова се вика љубов, напиша Слаткар, а пак армијата следбеници му порачаа целиот живот да бидат така среќни и заљубени.