ТВ водителката Милена Антовска Станковска периодов е на породилно отсуство од работа и целосно е посветена на својата ќеркичка Лана.
Додека Милена ужива во мајчинството, колегите од Канал 5 се почесто знаат да ја споменат во програма и да ја поздрават тазе мамичка, што покажува дека не само што им фали на гледачите, туку и на колегите.
Уште додека беше бремена, Милена можеше да се пофали со витка и манекенска форма на своето тело, па на неа се познаваше само зголеменото трудничко стомаче.
Периодов не многу е активна на социјалните мрежи како порано, но неодамна се појави на гости кај голегите во Канал 5 телевизија, а евидентно беше дека кај Милена не се забележува ниту трага од бременоста и породувањето.
Токму по тоа прашање, водителката и тазе мама објави статус во кој напиша како дошла до посакуваната линија и тоа дека кога станува збор за здравјето, тогаш нема изговори.
Посакајте си ги желбите гласно!!! Јас го направив тоа после раѓањето на Лана Марија и за само три месеци се вратив во посакуваната форма, но немаше да успеам без моите пријатели од Revive Spa & Wellness Clinic:)) Сакам само да знаете дека секој со добра организација може да најде време за се, а кога станува збор за здравјето тогаш не смееме да имаме изговор.
Милена ја има среќата да нема проблем со вишокот килограми кои се нормални по бременоста, па и сега како новопечена мама може да се пофали со завидна фигура на која веројатно се заслужни мајката природа и гените.