Дамите секогаш имаат предност во се, а Дарко Спејко како вистински џентлмен и отстапи на својата понежна половина, блогерката Љупка Митрова, да доминира со својата појава на најновата фотографија која ја објавија на социјалните мрежи.
На Дарко и Љупка фотографирањето и избирањето модни комбинации им е најчеста преокупација, а особено кога тоа го прави Љупка, провокацијата е гарантирана.
Новогодипшната ноќ ја поминаа заедно во еден ресторан, специјален повод за кој Љупка облече ултра провокативна тоалета со шлиц до препони, а пак сега пред празниците, направија нешто ново, за да не бидат заборавени и секако да бидат во жарот на актуелноста низ домашните медиуми.
Како и секогаш, така и сега, позираа застанати еден покрај друг ама од тоа што го носи неговата дама, тешко би гледале подалеку од мрежата кај бутините и деколтето.