Во најновата емисија од деветтата сезона на „Еден на Еден“, која вчеравечер се емитуваше на Канал 5 телевизија, кај домаќинот Жаре на гости беа Слаткар и Сања Николоќ- Маринковиќ.
Бидејќи одамна не се појавиле заедно пред камери, Сања и Слаткар имаа многу што да раскажат, евоцираа спомени од поодамна, па се до денес.
Открија како се запознале, кој на кого прв „пуштил вода“, но и за тоа какви подароци добиле на свадбата.
Бидејќи на свеченоста присуствуваа многу познати личности, Жаре ги праша што добиле од Ферус Мустафов. На Слаткар не му требаше многу време за да се сети, а ниту пак на Сања. Како што опишаа, подарокот бил декоративна вазна, која сега им стои во бањата.
-Да не се сфатиме погрешно, вазната стои таму бидејќи нашата бања е стилизирана, а вазната е прекрасна и стои и има одлична намена, кажа Сања, а потоа се надополни и за подарокот на Тони Зен, кој на Слаткар особено му лежи на срце.
Станува збор за ламба, со рачно изработени детали кои го прикажуваат Ново Лисиче, маалото на двајцата рапери.
Освен за првите моменти од врската, подароците на свадбата, нивното музичко творештво, познатата брачна двојка имаше многу да раскаже, а веруваме дека гледачите, ги запознаа од една поинаква перспектива, а пак Жаре ги нарече за една од најзабавните сопруг и сопруга на македонската естрада.