Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ објави фотографија на која се гледа кој е нејзиниот „ѕвер“.
Иако многумина помислија дека станува збор за маж, цеца со описот и фотографија најпрвин ги заинтригира, а потоа ги изненади обожавателите со објавата.
Имено, станува збор за нејзиното кученце по име Симба, со кој пејачката, а и нејзина ќерка Анастасија обожаваат да си играат.
„Во недостаток на поголеми, си играм со мали ѕверови. Мојот Симба и јас“, напиша во описот на фотографијата која за неколку часа собра над 20.000 лајкови.
Фановите толку беа воодушевни што и оставаа коментари како „Најсладок“, „Преслатко“, а некои наведоа дека тигар поубаво и стои.