Лука Дончиќ организираше голема забава за сите пријатели, членови на семејството и претставници на Далас Маверикс кои дојдоа во Љубљана да го прослават новиот договор што тој го потпиша со Далас.
На таа забава гостите ги забавуваше Северина, а сега таа објави фотографии на Инстаграм каде позира со Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ.
Да потсетиме, Лука Дончиќ потпиша петгодишен договор вреден 207 милиони долари и влезе во историјата бидејќи стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата со договор од над 200 милиони долари.