Македонската лото девојка Марјана Станојковска најпосле најде време и за себе…
Иако топлото време многумина уште многу порано ги натера да заминат на море, Марјана и не баш имаше можност да го направи тоа поради своите професионални обврски.
Имено, таа секоја среда и сабота мора да биде во живо пред ТВ екраните и да ги израдува играчите на лото.
Па така, откако си ги заврши обврските, секси Марјана го спакува куферот и се упати на море кај јужниот сосед.
А одморот не би бил одмор, ако не направи жешки фотографии кои се нејзина пракса за секоја летна сезона.
Таквите секси фотографии ги израдуваа следбениците од посилниот пол кои ги има цела армија, а за приложеното разбирливо ја опсипаа со ласкави коментари.