Радио Милева

(ФОТО) Сека и Вељко мета на потсмев: Ова што го носат низ Солун, е за по дома!

(ФОТО) Сека и Вељко мета на потсмев: Ова што го носат низ Солун, е за по дома!

Српската пејачка Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко моментално одмараат на југ во Солун.

Како што е редот, Сека не пропушта да бомбардира со објави на социјалната мрежа Инстаграм, а меѓу најновите објави се најде и фотографија на која тие позираат покрај брегот на морето.

Но, она што им падна на повеќето во очи се влечките кои ги носеа на нозете.

„Што е ова, па вака може да шетаат само по дома“, „Многу лош изглед, особено на Вељко“, се мал дел од критиките кои ги добија во коментар, но сепак имаше и такви на кого им се допаднаа.


Влечките кои некогаш ги носевме само по дома, сега имаат друга намена, а Сека како една од јавните дами која ги следи трендовите, не го заобиколи и овој.

To top