Во време кога речиси секој со нешто се подновува или подновува некој друг со разно разни подароци за крај на годината, Миа Костова реши самата да се почести и да си ја задоволи душата со она што таа посакува.
Ако некогаш беше табу да се зборува и открива јавно за естетските корекции на лицето или телото, денес случајот повеќе не е таков.
Миа е една од нашите познати дами која не крие дека прави естетски промени на себе, а за крај на 2017-та и почеток на 2018-та година одлучи да се почести со нови филери , односно да ги зголеми усните.
Откако постапката беше завршена, а резултатите веќе видливи, Миа го зема мобилниот во раце и ја овековечи новината на себе, па се пофали на Инстаграм.
Ние би кажале дека е убава во било која варијанта, со помали или поголеми усни, но кога жената го прави она што ја прави среќна, тогаш сигурно изгледа поубаво.