Ќерката на Мајкл Џексон, Парис, на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со родителите, кралот на попот кој почина во 2009 година и мајка и, медицинската сестра Деби Роу(59) .
-Мислам дека е во ред да сонуваш за тоа како имаш родители, па дури и ако фотографијата е обработена, вели Парис, ќерката на Џексон. На монтажата додаден е Мајкл, а токму тоа предизвика реакции кај обожавателите на покојниот пејач.
Некои ја пофалија, додека други негативно го коментираа ваквиот потег.