Мики Маус го прослави својот 90. роденден. Сара Џесика Паркер беше дел од посетителите на изложбата во Њујорк, организирана во чест на популарниот анимиран лик на Дизни.
53-годишната ѕвезда од „Сексот и градот“ се појави во стајлинг инспириран од Мики Маус.
На главата, таа носеше венче од колекцијата Disney X Gigi Burris.
На изложбата „Mickey: The True Original Exhibition“ беа претставени голем број дела од познати артисти.