Познатите сопружници, Марко Слаткар и неговата убава сопруга Сања Николиќ периодов се препуштени на патувања и авантура.
Откако беа во Франција и уживаа во убавините и знаменитостите, зачекорија по скалилата на Канскиот филмски фестивал … се упатија кон нова дестинација.
Овој пат младите вљубени авантуристи се упатија кон Бугарија, поточно Софија, нивна честа станица, што за одмор, што за работа.
А како што е редот, Слаткар е оној што повеќе сака да фотографира и да ја објавува својата сакана на социјалните мрежи, која пак не многу обожава да се експонира пред очите на јавноста.
Но затоа е тука Слаткар, кој деновве ја фотографираше Сања додека позира заедно со Леонардо Ди Каприо, односно на познатото „Face in hole“ со сцената од Титаник.
-Лео ми ја зема жената, напиша Марко и дополни со бесно емотиконче.
Слаткар е познат по својата духовитост, а сугурно дека тоа најмногу и години на неговата сакана.