Голманот на македонската ракоментна репрезентација, Борко Ристовски и неговата сакана Николина ја очекуваат својата најголема радост во животот.
Имено, Борко и Николина за три месеци за првпат ќе се реализираат во улогата на родители и ќе добијат синче.
Како времето поминува, возбудата за новиот член во нивниот живот се повеќе расте, а веќе почнаа да купуваат и облека за Борко Јуниор кој мама Нина почна се почесто да го покажува од стомакот на социјалните мрежи.

И тато Борко на својот официјален профилил реши да напише и објави нешто за својата голема љубов што наскоро ќе дојде.


Со бебешко комплетче во рацете, тој се фотографираше и напиша дека се чувствува посебно и се надева дека неговиот наследник ќе личи на неговата мајка. Ваквата објава доби илјадници допаѓања и коментари со честитки за приновата.