Изминатите неколку дена на Скопје му се случуваше пролетното издание на модниот викенд, каде љубителите на модата имаа можност да присуствуваат на ревиите од неколку домашни дизајнерски имиња и нивните сезонски колекции.
Меѓу присутните се појавија и познати личности од јавниот живот во земјава, а меѓу нив, место резервирано во првите редови имаше и ТВ водителот Жарко Димитриоски и неговата девојка Марија.
Жере не крие дека неколку години е во врска и е среќно заљубен, а овој пат решија двајцата заедно да се појават на ова модно случување и со тоа да покажат интерес кон модата.
Е сега, дали следењето на ревијата беше по иницијатива на Жаре или неговата понежна половина, не знаеме, но очигледно дека од дизајнерката чија ревија ја следеа, имаа привилегија да седат во прв ред и убаво да ги погледнат креациите и манекенките на писта.
За оваа прилика двојаката се појави во елегантно издание, тој во костум , а таа во макси сако од кое се истакнаа нејзините нозе. По ревијата Жаре и Марија беа и на коктел во друштво на деверот на Kаролина Гочева и брат на Михаил и неговата девојка.
Минималистички „скоцкани“ во склад со пригодата, нема сомнеж дека ги предизвикаа погледите на присутните.
фото:Моден викенд Скопје/facebook