Радио Милева

(ФОТО) Ранко од „Чиста љубов“ разочаран од тоа што му го приредија Македонците!

(ФОТО) Ранко од „Чиста љубов“ разочаран од тоа што му го приредија Македонците!

Црногорскиот актер Момчило Оташевиќ, кого македонската публика моментално го гледа во улогата на Ранко во серијата „Чиста љубов“ која се емитува на Сител телевизија, се појави на ракометниот меч одигран завчеравечер помеѓу Македонија и Црна Гора, во Арена Загреб за да ги поддржи своите сонародници.

Миленикот на жените привлече посебно внимание на трибините, а фотографите не пропуштија да го уловат неговото разочарување по финалниот резултат од кој победија нашите македонски ракометари.

Момчило жестоко навиваше за репрезентацијата на својата земја и секое движење на ракометарите го следеше внимателно.

Македонија на крајот ја совлада Црна Гора со 29:28, а познатиот актер беше видно разочаран поради таквиот епилог.

фото:dnevnik.hr

To top