Пејачката Рада Манојловиќ се почесто ги објавува најблиските од семејството. Нејзината сестра и е најголема поддршка и постојано е до неа за се што е потребно, пред се за сестрински разговор кој е незаменлив.
Деновиве убавата Рада го дополни својот Инстаграм со неколку фотографии со сестра си, на кои таа е во провокативно издание од кус фустан, додека сестра и скромна и ненаметлива.
Од приложеното тешко дека погледот ќе го задржите подалеку од долгите и голи нозе на Рада кои го имаат целосниот фокус од фотографијата.
Иако се сестри, тие воопшто не потсетуваат една на друга, Рада висока и згодна, додека нејзината сестра, нешто поситна, едноставна и не така маркантна.