Познатата фолк пејачка со своето момче Филип Живојиновиќ и неговото семејство е на одмор, а изгледа дека ни лошите временски услови не ја спречуваат да ужива со полни гради.
Таа на обожавателите им покажа како се капи на врнежлив ден, а на себе има бикини.
Коментарите на сметка на провокативниот изглед не изостанаа, па припадниците на посилниот пол се натпреваруваа кој ќе и даде повеќе комплименти.
Александра Пријовиќ на Малдивите ќе помине 10 дена, по што заминува на настапи ширум Европа.