Ештон Kачер и Мила Кунис својот приватен живот го чуваат далеку од јавноста, но наголемо се шушка дека очекуваат и трет член во фамилијата.
“Мила е многу дружељубива, но последните месеци постојано е дома. Претходните две бремености исто ги криеше од јавноста, па затоа сите нејзини пријатели мислат дека повторно е бремена. Мила и Ештон исто така и нивните две деца ги чуваат далку од очите на јавноста. Се што е во врска со нив, е тајно” – изјави извор близок до Мила и Ештон.
Како што знаеме, Мила и Ештон го имаат едногодишниот син Димитрија, име кое е карактеристично за балканското поднебје и тригодишната ќерка, Вајат.

Бидеќи Мила е по потекло Украинка, се шпекулира дека и името на третото дете би можело да слично на оние кои се користат на балканот.
