Американската манекенка Криси Тејган е вистински мајстор за привлекување внимание, а сега и бремена се разголи знаејќи дека ќе направи успешна провокација.
Сопругата на пејачот Џон Леџенд позираше во топлес издание во кујната додека прави салата, а за оваа необична фотографија напиша:
-Ве молам, не ме осудувајте. Јас сум силна жена која прави салата и се обидувам да бидам пририродна и да го живеам својот живот.
Доволно се зборови, за оваа фотографија со брзина на светлината да добие речиси 1,7 милиони лајкови.
Инаку, ова е втора бременост на манекенката, а по раѓањето на првата ќерка се бореше со пост породилна депресија.