Велат дека покриената жена е многу попривлечена од онаа кај која речси се е откриено и може секој да го види.
Кога женската убавина е истакната на начин кој сокрива, но во мислите открива многу, тогаш е попосакувана и далеку поатрактивна. Нашата музичка ѕвезда Елена Ристеска која е долги години на естрадата, секогаш ги знае јасните граници од својата провокација, а досега никогаш не ги помина, туку само во поглед на квалитетот на она што го пласира на публиката на музички план.
Низ годините Елена доста еволуираше, како музички, така и во поглед на изгледот, а минатата година изработи една фотосесија за магазинот „Теа модерна“, со која крена голема прашина.
Иако не покажа голотија, Елена со сензуалниот изглед во тесните бели панталони и заводливата поза, освои многумина кои тогаш и порачаа дека е единствена и оригинална во секој поглед.
Деновиве таа се присети на тоа време и ја Инстаграм ја објави токму оваа безвременска фотографија на која изгледа бомбастично. Се сложувате?