Популарната македонска ТВ водителка Лила Филиповска е една од најактивните корисници на социјалните мрежи, особено на Инстаграм.
На нејзиниот профил може секојдневно да се погледнат плејада фотографии, од кои најмногу на кусите Инстаграм приказни.
Редовните следбеници деновиве можеа да посведочат на една несекојдневна и провокативна фотографија од водителката, која додека беше на проба во модната куќа „Елена Лука“, инаку место каде се чувствува како дома години наназад, се опушти и посака да покаже нешто похрабра и секси поза во огледало на која е со свртен задник во полу танга.
Досега сме можеле да видиме доста жешки фотографии, но овој потег беше еден од неочекуваните.
Деновиве Лила Филиповска беше доста активна со реализација на празнични фотосесии, но ова дело иако спонтано, се издвои пред сите.