Радио Милева

(ФОТО) Поради неа Бурак ронеше солзи пред свадбата: Ова е неговата мистериозна љубов која му го скрши срцето!

(ФОТО) Поради неа Бурак ронеше солзи пред свадбата: Ова е неговата мистериозна љубов која му го скрши срцето!

И додека сега му цветаат ружи на сите полиња, за славниот заводник не секогаш беше така.

Бурак Озчивит го изговори судбоносното „да“ на преубавата колешка Фахрие Евџан. Двојката на интимната церемонија на Босфорот се заколна на вечна љубов.

Имено, неговата прва голема љубов, девојката која ја сакаше пред Фахрие, а му го скрши срцето. Станува збор за водителката на „Fashion TV3, Џејлан Чапи.  Таа и Бурак беа во повеќегодишна романса, поточно се сакаа речиси три години.

A post shared by Ceylan Capa (@ceylancapa) on

Раскинаа во 2014 година, а долго се шпекулираше која била причината. Во еден турски таблоид како бомба одекна веста дека Џејлан го фатила Бурак во кревет со друг маж, па поради тоа го оставила, меѓутоа подоцна се дозна дека причината за тоа е што Џејлан потекнува од моќно семејство, а Бурак отсекогаш бил со скромно воспитување.

И додека родителите го контролирале животот на Џејлан, актерот сам се трудел да го воспостави контрола меѓу нив. Набрзо, поради разликите во карактерот почнале се почесто да се караат, а Бурак никако не го прифатил нејзиното семејство. Раскинувањето било неизбежно, а тој останал со скршено срце, пишуваа таблоидите.

-По раскинувањето почнав повеќе да работам , дури да се затрупувам со работа. Ја запознав Фахрие, со која првин бев пријател. Искуството ме научи дека љубовта може да биде опасна, а поради не сакав да ја губам главата. Фахрие ме увери дека вистинската љубов сепак постои, изјави своевремено славниот актер.

фото:инстаграм

To top