Разликата во годините никогаш не била проблем за љубов, а ниту пак за пријателство како во случајот на моделот Александра Накова и поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ.
Иако генерациски не се многу блиску, Мелита и Александра станаа неразделни другарки, а тоа сакаат да им го покажат на сите.
Неодамна беа заедно на летен одмор на море, а сега покажаа дека дури и ручекот им е посладок кога го јадат заедно низ скопските ресторани.
Овој пат за таа прилика се стегнаа во ултра секси стајлинзи – од кусо, покусо.
Двете избраа ултра куси панталончиња, ги прекрстија нозете и секако направија заедничка фотографија за на Инстаграм, па не само во ресторанот, туку и за виртуелно покачување на апетитите – секако со поглед.
фото:инстаграм