Познатиот српски текстописец, Марина Туцаковиќ, авторот на голем број музички хитови, веќе извесно време се бори со страшната болест – рак.
Марина се уште се наоѓа на лечење во Германија и не се огласува често на социјалните мрежи, но кога го прави тоа главно пишува пораки кои тераат да се замислиме. Таа овој пат објави емотивна порака, поради која прво на памет паѓа дека Марина е разочарана од луѓето во овој исклучително тежок период за неа.
-Сите ви се пријатели се до оној момент кога нешто ви треба, пишува во објавата која Марина ја објави на кусите Инстаграм приказни.