Радио и ТВ водителката Александра Илиевска на социјалните мрежи се пофали дека има една новина во својот живот.
Шармантната и харизматична водителка не ретко открива моменти од приватноста, а и овој пат несебично со своите обожаватели и следбеници на социјалните мрежи сподели дел од својот како што вели нов дом.
Најди задоволство во се што се одлучуваш да правиш. Секоја работа, врска, дом… одговорноста е твоја да го сакаш или да го промени. Го сакам мојот нов дом, напиша Александра во описот на поставената фотографија.
Таа делумно се фотографираше себе си со испружени нозе додека ужива пиејќи го своето кафе, а од приложеното може да се види дека ентериерот е уреден по последните тенденции.
Малку рустика, малку минимализам, црно- бели детали… а згора на тоа дури и самата облече фустан кој ќе одговара со домашниот амбиент.