Радио Милева

(ФОТО) По бундата од 830 евра, Фатиме Фетаи со чанта 2.550 евра: Ако и се погоди фетишот, не жали да го истури „ситнишот“!

(ФОТО) По бундата од 830 евра, Фатиме Фетаи со чанта 2.550 евра: Ако и се погоди фетишот, не жали да го истури „ситнишот“!

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи очигледно ужива во раскош и луксуз. Неодамна на судење дојде во луксузна бунда од крзно од ракун…. од 830 евра! И се дигна голема медиумска врева дека бундата на Фатиме била многу скапа.

Тогаш премолче, ама  денес „специјалната“  сите ги демантираше. Како скапа? За Фатиме тоа е „ситница“ во однос на тоа колку може да потроши за многу други нешта! Само ако и се погоди фетишот, спремна е да не жали да го истури „ситнишот“!
А мора да е фетиш да дадеш 2.249 британски фунти или околу 2.550 евра за чанта! Брендирана се разбира и тоа од „Гучи“.

За една македонска ТВ новинарка се креваше прашина за долната облека… Гаќичките од 500 евра ја „зовреа“ јавноста. „Специјалната“ до сега ги покажа само бундата и чантата.  Тоа е дел од оноа што може да се види. Останатото, јавноста допрва ќе го коментира… откако ќе го види!

Денес чантата на „Гучи“, а утре…? Почекајте до следното судење!

To top