Нета Бразилаи со песната „Toy“ е победничката на 63-то издание на Евровизија.
Таа деновиве несомнено ќе биде топ тема во медиумите, како поради победата, така и поради нејзиниот изглед.
Имено, Нета веќе пристигна во својата родна земја, а на пат кон дома во авионот реши да ги изненади пилотите, па им упадна во кабината.
Дека беа видно изненадени говорат нивните лица, а ко-пилотот веднаш го зема мобилнот во рака за да го овековечи моментот.
Нета пак својот мобилен апарат го вклучи на снимање, а видео го постави на „Инстаграм приказните“.