Студиото на телевизија Сител каде што се реализира квиз-шоуто „Се или нешто“, е како втор дом за нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска.
Во овие седум сезони на квизот таа дочека и испрати многу натпреварувачи, некои со помалку некои со повеќе среќа да го олеснат банкарот.
Имено, деновиве таа во студиото имаше и еден специјален гостин, многу поразличен од сите претходни ама и од друга раса – кучешка.
И повеќе од јасно е дека Лила ја обожаваат како мажите, така и жените, но во квизот дојде ред и едно малечко слатко кученце да дојде на гости, па и да се бакне со водителката.
За него таа немаше резева, го крена во раце и го бакна дури со затворени очи.
Кученцето доби таква привилегија да седне во една од кутиите на банкарот, а и да се напие од водата во шољите на пултот.
Сигурни сме дека ваква привилегија досега не добил, а и нема да добие никој. Оваа случка беше особено интересна за публиката, која за време на снимањата во студиото седи по неколку часа, а домаќинката умее да ги забавува и кога играта се уште не е почната.