Децата се оние кои со својата чиста невиност, најмногу се радуваат на Новата година и празниците.
Токму за нив како и минатата година кога на Градскиот плоштад во Скопје заедно со Дедо Мраз се прошета и Снежната Кралица, така и за оваа 2018 година, во подготовки се изненадувањата за дечињата.
Па така, пред крајот на старата и дочекот на новата, за најмладите ќе се одржи претставата „Дедо Мраз во пензија“, а и оваа година улогата на Снежната Кралица и припадна на нашата лото девојка, Марјана Станојковска.
Облечена со црвен комбинезон во духот на празничниот период, Марјана на својот Инстаграм најави дека повторно ќе ја има оваа улога, а дотогаш останува да се потсетиме како таа изгледаше минатата 2017-та.