Радио Милева
продолжи да живее во неа?

Пресликана убавина, дух и енергија: Ова е сестрата на Ксенија Пајчин која долго се криеше од јавноста (ФОТО)

Пресликана убавина, дух и енергија:  Ова е сестрата на Ксенија Пајчин која долго се криеше од јавноста (ФОТО)

Поминаа 12 години од смртта на познатата српска пејачка Ксенија Пајчин, а нејзината сестра по татко никогаш не ја заборави.

Миа Пајчин е исто така атрактивна млада дама која не сака многу да се истакнува во медиумите.

„Ксенија беше доста енергична личност која можеше да направи се. Имаше цврст став, беше во свој фазон. Така бунтовна, своја и единствена, пленеше со својата добрина и убавина“ – вели Миа за постарата сестра која во март 2010 година беше убиена од момчето, манекенот Филип Каписода,  кој потоа си пресуди и себеси, самоубивајќи се со истиот пиштол.

Миа, секогаш се сеќава на нејзината постара сестра, споделувајќи заеднички фотографии на социјалните мрежи.

„Многумина ми велат дека личам на неа. Често ги слушам и гледам нејзините песни и спотови“ – вели Миа.

Црна коса, полни усни, атрактивна појава, напиша еден од следбениците, а не е ни чудно што на социјалните мрежи има голем број следбеници, а сака да стане и успешна актерка.

Освен тоа,  сите што имале можност да се дружат со неа, сведочат дека и нивните енергии се многу слични, па се чини некако, не само убавината на Ксенија, туку  и нејзиниот дух како да се „пресликани“ во Миа!

фото: Инстаграм принтскрин/pajcin_mia/србија данас

Останати вести од Радио Милева