За животот на популарните пејачи Саша и Дејан Матиќ не се знае многу. Нивната тетка и сестра открија детали од детството во Босна.
Имено, Саша и Дејан доаѓаат од местото Дрвар во Босна и херцеговина каде до 1985 година живееле со родителите. Во таа куќа денес не живее никој.
-Поради тоа што татко им знаеше да работи се, за нив правеше се. Тие сакаат да доаѓаат тука. Дрвар за нив е нешто посебно. Тие беа златни деца. Кого и да прашате одовде, ќе ви го кажат истото, вели тетка Зора. Од друга страна Ружица открива дека Дејан бил немирко.
-Израснаа како сите нормални деца, како ништо да не им се случило. Возеа велосипед, мотор, секогаш беа интересни. Саша беше добар, секогаш слушаше, а Деки беше немирен, да постоеше можност да се качи на кров, ќе го направеше тоа.
-Во почетокот за нас и родителите беше шок што имаа оштетен вид, но подоцна го прифативме тоа, вели Зора. Двајцата пред 32 години мораа да го напуштат Дрвар поради училиштето, па се преселија во Белград, што на сите им падна тешко, раскажува нивната роднина за „Премиера викенд специјал“