Многумина израснаа со стиховите „Ја се зовем Ивана, а тата ме зове злато, рекла сам мами кад порастем, удачу се за тебе, затоа растем и растем и једва чекам да порастем“ во песната „Чаје шукарије“ од Здравко Чолиќ. Две децении подоцна, ѕвездата на оваа песна живее далеку од овие простори.
Ивана Легин уште како дете играше во босанскиот филм „Кудуз“, а потоа дипломира на Академијата за филм и уметност. Поради стравот во Босна таа оди во Австралија кладе живее и денес и се занимава со глума.
Родена во Сараево, а дури пред шест години повторно го посети родниот град и тоа поради филмот „Toll Free“.
Пред речиси една деценија Здравко Чолиќ настапуваше во Мелбурн, а за таа прилика по долго време се сретна со некогаш пегастото девојче кое го знаеја сите.
Тогаш Ивана го пронајде Чолиќ штом слушна дека дошол во Австралија. Двајцата тогаш се сретнаа по цели 18 години.