Ако некогаш беше табу тема јавните личности да откриваат какви корекции направиле на себе, денес случајот не е таков.
Пред извесен период во еден домашен магазин, ТВ водителката Лила Филиповска откри дека ги зголемила градите, постапка за која вели дека и е жал што не ја направила многу порано.
Деновиве пак, таа на својот влијателен Инстаграм профил се пофали дека направила пролетно освежување на кожата, лицето и вратот кај еден познат хирург за пластични операции во Скопје.
Покрај приложените снимки, Лила појасни дека станува збор за единствена минимална инванзивна лифтинг техника која се изведува со локална анестезија, а постапката трае само 45 минути по што не е потребен дополнителен болнички престој.
Иако многумина би кажеле дека на Лила не и треба никаков лифтинг, сепак во ова модерно време, дамите се почесто се одлучуваат да ги спречат трагите на годините, а меѓу нив е и таа, која комплетно е посветена и на здравиот начин на живот, вежбањето, исхраната, негата…
фото:инстаграм