Радио Милева

(ФОТО) Опасност на патот: Безбедноста е загрозена кога струмичанката Љупка Митрова позира клекната!

(ФОТО) Опасност на патот: Безбедноста е загрозена кога струмичанката Љупка Митрова позира клекната!

Ако некогаш модното блогерство беше непозната категорија кај нас, а оние модно упатените го правеа само како хоби, денес и кај нас веќе стана исплатлива алатка.

За тоа е пример струмичката блогерка Љупка Митрова за која е повеќе од познато дека провокацијата е онаа која носи поголем број следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а нејзе тоа баш добро и оди.

Народот како гладен за нешто посмело, провокативно и секси, секојдневно ја мотивира Митрова за нови провокативни фотографии на кои таа посветено и со смислена од замисла до реализација работи.

Ако во Србија, поп-пејачката Јелена Карлеуша е онаа што бомбардира со ексцентрични и провокативни стајлинзи, кај нас тоа е Љупка.

Можеби не е толку ексцентрична во модниот стил како пејачката, но несомнено умее да го привлече вниманието и да ги добие сите пофалби.

Периодов дел од нејзината стратегија е позирањето на автопат, а овој пат сцената можеби беше слична, но не и гардеробата и позата.


Клекната  на автопатот во тесно здолниште со точки, Љупка сигурно беше опасност на патот и закана по безбедноста на возачите.

фото:инстаграм

To top