Сигурно се сеќавате на мајката на учителката Зејнеп од серијата „Се викав Мелек“, која ја играше актерката Вахиде Перчин.
Ако пак сте ја гледале турската серија „Сулејман величенствениот“ тогаш сигурно ја препознавте и од улогата во тој филм.
Во актуелната серија „Горка земја“ според улогата таа изгледа постаро, но во приватноста, Вахиде е како друга жена.
Со обетка на носот и друга фризура, таа изгледа сосема поинаку.
Инаку, пред неколку години таа се избори со ракот на дојка поради кој еден период ја изгуби и косата, но денес е среќна што ја победи лошата болест и ужива во тоа да го менува изгледот, особено фризурата.