Ќерката на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, не минува ниту еден ден без социјалната мрежа Инстаграм, каде буквално бомбардира со објави од своето секојдневие.
Нејзините бројни следбеници точно знаат како таа го минува денот, па профилот е како едно мини реално шоу за животот на Ражнатовиќ.
Овој пат беше ангажирана како модел на венчаници, па облечена во бел фустан сакаше да се пошегува со следбениците дека навистина се мажи.
Но, за да нема шпекулации таа откри дека набрзо ќе може да ја видат нејзината најнова фотосесија каде е само во улога на невеста, но има време кога ќе го избере вистинскиот фустан за себе.