Турскиот актер Бариш Ардуч очигледно не може да се збогува од ергенскиот живот.
Имено, викендов тој се забавуваше со своите пријатели со еден ноќен клуб, а таму беше сам односно без девојката Гупсе Озај.
Турските медиуми го следат во секој чекор, а така беше и овој пат. Имено, кога Бариш дознал дека има новинарска екипа пред дискотеката, решил да излезе на задната врата, но тие го надмудриле и го пречекале токму таму.

Затечен од ситуацијата брзо влегол во автомобилот и се оддалечил велејќи:


-Јас сум во брзање пријатели, добра ноќ, кажал најпосакуваниот ерген кој дополнително ја подгрева шпекулацијата дека нема да се жени.