Емина Јаховиќ последниве месеци беше под лупа на јавноста поради разводот од турскиот пејач Мустафа Сандал.
Судејќи по фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, очигледно е дека слободата и годи.
Пејачката позираше на улица во Истанбул во макси здолниште и куса маичка, па во таа прилика го покажа рамниот стомак и неверојатно тенкиот струк, кој предизвика лавина коментари.
Редовните и напорни тренинзи ја донесоа до вакви резултати, а следбениците останаа зачудени колку потенко изгледа за разлика од претходно.