Во празничната магија на големо ужива и најуспешниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој на новата фотографија во духот на актуелните и претстојните празници, измами насмевки кај милионите фанови ширум светот.
Ноле се фотографираше бед богато украсена елка, од која застанува здивот, а патем им го честиташе Божиќ на верниците од католичка вероисповед.
-Среќен Божиќ на сите кои го славите денес! Ви посакувам многу внимание, љубов, здравје, просперитет и мир, напиша Ноле за својата Инстаграм објава.