Ким Кардашијан на јавноста и се наметна токму со голотија, а откако се омажи и роди деца не дека престана да се разголува, туку тоа го прави поумерено. Сега за промена, реши да се врати по старо.
Ким ги израдува милионите фанови ширум светот откако објави фотографија од кревет, која можеби е една од најсекси фотките до сега.
Славната старлета позираше во кревет скоро гола, а градите ги покри само со раката. На себе имаше само минијатурна бела танга, а во позата која ја зазеде до израз дојде нејзиниот голем задник.
Иако во главно Ким го воодушеви сите со оваа фотка, имаше и такви кои дадоа негативни коментари.
„Стани и растури“, порача кратко Кардашијан, а точно знаеме и каде е Канје – зад камерата.