Истанбул самиот по себе е вистинско доживување, а особено ако сте љубител на турските серии кои се прикажуваат кај нас, па и на местата каде се снимени многу сцени.
Нашата поп-пејачка Александра Михова деновиве замина да ги ужива убавините на прекрасниот град на Босфорот, знаменитостите, чаршијата, оригиналното турско кафе, но и да дочека една посебна средба.


Имено, според она што го објавува на социјалните мрежи, Александра е голем љубител на сериите, па коцките се споија да има можност да ја сретне и актерката Зерин Текиндор која ја игра улогата на Лејла во актуелната серија „Карасевда“ .

Секако, нашата пејачка не ја пропушти приликата да се фотографира заедно со Зерин, а фотографијата и моментот кои сигурно ќе ги памети, ја објави на својот Фејсбук профил.

Оние кои ги следат сериите, веројатно ќе посакаат да бидат на нејзиното место.