Турската актерка и манекенка Џансу Дере(34), која публиката ја запозна како саканата на Езел, Ејшан, а потоа во „Сила“, денес ја гледаме како наставничката Зејнеп во хит серијата „Мајка“.
Апсолутно преубава, но грозно иритантна – вака турските новинари кои имале контакт со неа ја опишуваат актерката.
Поранешната манекенка имаше своја улога и во „Сулејман Величенствениот“ и може да се каже дека стана голема ѕвезда , но и една од најплатените во Турција.
Џансу Дере е родена во Анкара на 14-ти октомври 1980 година. Мајка и била наставничка, а татко и трговец.
Пред да стане актерка се обидувала да се занимава со балет, но ја одбивала бидејќи била превисока, па се префрлила на манекенство. Џансу неколку години студирала и археологија.