Радио Милева

(ФОТО) На свадбата на Вучиќ се случи изненадување за кое знаат само гостите!

(ФОТО) На свадбата на Вучиќ се случи изненадување за кое знаат само гостите!

Изминатиот викенд во еден скопски ресторан се случи свадбата на македонскиот перкусионист и поранешен пејач, Мартин Вучиќ, кој заплови во брачните води со својата сакана Сања.

На свадбената забава присуствуваа многу гости, од кои пријатели, роднини и доста колеги од естрадата, што на Мартин, што на свекорот Драган, а и на свекрвата Весна – од страната на младоженецот.

Бидејќи ретко кој од домашните медиуми претходно знаеше за венчавката, кога се појавија фотографиите на социјалните мрежи, медиумите како да нападнаа кој попрв ќе го објави ексклузивитетот.

Зетот Мартин отсекогаш бил таинствен кога е во прашање приватноста, па токму поради тоа претходно не се крена помпа околу крајот на неговиот ергенски живот, а ниту пак за избраничката.

Имено, на прославата на сцената запеаја доста од гостите, а среќниот свекор Драган специјално за снаата и зетот засвири на бас.

Изненадувањето на вечерта беше кога преку видео бим се вклучи големата музичка ѕвезда Здравко Чолиќ кој им честиташе на младите, им посака долг и исполнет брачен живот со дечиња, а специјален поздрав прати и до гордата свекрва Весна која многу се израдува на вниманието.

Овие моменти се најдоа на кусите Инстаграм приказни, објавени од присутните гости.

To top