Пејачката со албанско потекло, Рира Ора (27) моментално е на одмор со момчето, музичарот Ендру Ват (27) во Италија.
Двојката ужива во деновите на плажа каде целосно се опуштија па Ендру во еден момент почна да ја бакнува и да ги шмука ножните прсти на Рита.
-Не можам да верувам дека твоето момче има фетиш на стапала и го запоставува остатокот од твоето тело. Која штета, напиша еден нејзин фан.
Рита со песната „Girls“ ја заинтригира јавноста со текстот во кој пее за нејзините сексуални искуства со мажи и жени.
https://www.youtube.com/watch?v=r8MXaeX0aiE
-Знаев дека луѓето ќе го забележат тоа. Некако сум 50 проценти заинтересирана за мажи, а останатите 50 за жени. Нема да кријам која сум. Ќе правам што сакам и така едноставно ќе биде, изјави пејачката неодамна за британскиот Дејли Мејл.