Луна Џогани и Слоба Радановиќ го привлекуваат вниманието со своите постапки во реалното шоу „Задруга“, а сега мајката на Луна, Анабела, одлучи и таа да приреди еден неочекуван потег.
Таа за Велигден на својот Инстаграм покажа јајца украсени со фотографија од Луна и Слоба, а на многумина не им се допадна она што го видоа.
Анабела Атијас веќе со месеци ја бодри својата наследничка, а неодамна нападна и новинарка.
Пејачката им го честиташе празникот на оние кои го слават, а со ова исто така покажа дека ја поддржува врската на ќерка си со оженет.
Ваквиот потег повеќето го осудија, особено што го искористи на велигденски јајца.