Радио Милева

(ФОТО) Мелек на филм заедно со македонската актерка – еве ги деталите…

(ФОТО) Мелек на филм заедно со македонската актерка – еве ги деталите…

На 18-ти мај во турските кина беше прикажана премиерата на филмот насловен „Bal Kaymak“ во кој заедно играат малата турска ѕвезда Берен Гокјилдиз или попозната како Мелек и познатата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија.

Станува збор за семеен филм чие сценарио се држи до тоа да го соедини едно распаднато семејство.

Берен ја игра улогата на Баде, додека Сабина на Хава.


На социјалните мрежи веќе се појавија и првите фотографии, а пак малата Берен ги покани своите обожаватели да одат во кино и да ја погледнат во новата улога.

Инаку, Сабина Ајрула освен во македонска, игра во телевизиски серијали и од турска продукција, како што е нејзиното учество во познатата серија „Величенствениот“ (2011-2014).

To top