Во денешно време поголемиот дел од фолк пејачките, како кај нас, така и во регионот, својата кариера не ја препуштаат само на нови песни и спотови, туку и на поголема доза на провокација.
Пејачката Џесика Палашоска редовно ги полни забавните рубрики од домашните таблоиди, а не ретко тема е нејзиниот задник како неприкосновен и на позиција ТОП 1.
Дека се уште може да се носи во овој епитет и титула, таа докажа од најновите фотографии на социјалните мрежи каде позира во природа, стегната во краток топ и ултра впечатливи хеланки кои го нагласија нејзиниот најсилен атрибут.
За подобро да се види и долови, Џеси го сврти и напрчи задникот за ефектот да биде уште поизразен.
“Се чувствувам посилно кога ги носам овие комотни хеланки”, напиша пејачката под една од фотографиите, а потоа гордо ги редеше на својот профил написите од медиумите кои не ја пропуштија нејзината нова секси провокација во природа, за најприродното на неа повторно да биде на врвот.