Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се во брак скоро 10 години, а пејачката често истакнува дека од сопругот добива скапи подароци, а според објавите на социјалните мрежи може да се заклучи дека пејачката смета дека нејзиниот живот дише во луксуз со кој малкумина во Србија може да се пофалат.
Иако денес имаат се што ќе посакаат, детството на Душко било далеку од гламурозно.
Тој израснал на село каде денес живеат неговите родители. Секако, Јелена ги посетува и изгледа дека нивната скромност не и пречи, што кажува и неговата мајка.
-Па доаѓаат. Кога се тука, тие доаѓаат. И ете не можам повеќе да ви кажам, вели мајката на Душко, која на прашања за снаата не сака да одговара.
Инаку, како што пишува српски „Блиц“ куќата во село Орловат е тешко да се најде, патот е лошо обележан и куќата се наоѓа на крајот од селото.
Но, Душко кога дојде до пари им направи нова и многу поубава куќа карши старата, но тие не саат да живеат во неа.