Најласкавите коментари од жирито на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, не ретко ги добиваат македонските кандидати, кои од круг во круг доааѓаат и до победата, како лани, нашиот Ристе Ристески.
Годинава на таков пат е младиот Огнен Здравковски кои ги освојува сите седум гласа на жирито, без да му најдат забелешка.
За да потсобере искуство за следниот трет круг, тој реши да се сретне со минатогодишниот македонски победник, Ристе Ристески, во едно скопско кафуле.
„Една колегијана“, напиша Огнен во описот на фотографијата, а со колегата ги „измерија силите“ во собирање „лајкови“ и коментари од обожавателите и следбенците.
Инаку, охрицанецот Ристе Ристески неодамна настапи на концертот на Марија Шерфовиќ кој се случи во Вип арената „Борис Трајковски“ во Скопје.